На денешен ден во 1909 година, во Солун е формирана Народната федеративна партија, легална граѓанска политичка партија во Македонија.

Основни цели биле обласна политичка автономија на Македонија во рамките на Турција, аграрна и даночна реформа, работничко законодавство, соработка со прогресивните движења во Турција и борба против балканскиот империјализам.

Меѓу најпознатите македонски револуционери – припадници на оваа партија се Димитар Влахов, Јане Сандански, Анастас Митрев, Димо Хаџи Димов и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.