Пратениците од СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста за пасошите, ако не нека се откажат од дипломатските пасоши, со кои се привилегирани додека народот е затворен, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и ДУИ заглавија над 1 милион луѓе во Македонија.
СДС и ДУИ знаеја за рокот за промена на пасошите и со години молчат и не преземаат акција. Напротив, 2 и пол години издавале пасоши за кои знаеле дека важноста ќе помине пред истекот на датумот впишан на самите исправи.
И СДС и ДУИ се комотни и не се вознемирени, затоа што додека народот е затворен во државата и му е оневозможено движење, тие како пратеници и државни функционери со дипломатски пасоши можат да патуваат каде сакаат, без разлика дали пасошите се нови или стари.
Ако СДС и ДУИ не гласаат за продолжување на важноста на пасошите, тогаш чесно е сите нивни пратеници и функционери да се откажат од дипломатските пасоши, а не додека народот страда, тие да ги користат привилегиите на позициите. Со право народот вели дека немаме држава, и таа треба да се врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.