Пратеникот Ненад Коциќ во велешката полиција пријавил граѓани кои поради прифаќањето на бугарскиот протокол го нарекуваат предавник, открива советникот на Левица во советот на Велес Игор Смилев.

Коциќ на последните локални избори убедливо загуби во трката за градоначалник на Велес.

Предавникот Ненад Коциќ пријавил во полиција неколумина членови од Локалниот огранок на Левица Велес за наводно ширење говор на омраза.

Ах бре Ненад, ако зборот предавник е говор на омраза, Ти СИ ПРЕДАВНИК, бидејќи тој збор се содржи во твоето име и презиме … ти си поднел пријава против самиот себе бе, ама тешко е да удриш по сопствениот самар, и против предавникот во себе, а уште потешко да се пријавиш себе си во полиција ………ОК, ќе не пријавиш 5 , 7, 15 луѓе, цел огранок на Левица Велес, 74 % македонци…..но, против историјата не можеш да поднесеш пријава, оти таа со ЗАДЕБЕЛЕНИ БУКВИ тебе и твоите 67 колеги ќе ви даде место во вечноста како предавници, се разбира ако Бугарските администратори дозволат да се учи оваа историска лекција, објави Смилев.

Смилев на Коциќ му порачува дека и покрај тоа што пратеникот од позиција на моќ објавува лаги за граѓаните членови на Левица тој нема да биде тужен.

Патем, убаво е нели од позиција на пратеник со имунитет комотно и комформистички да пишуваш гнасни невистини за секој од нас, вклучително и за мене , ама знаеш што е разликаа меѓу мене и тебе…..ТИ ДОЗВОЛУВАМ ДА ПИШУВАШ СЕКАКВИ ПОДЛИ ЛАГИ ПРОТИВ МЕНЕ, и никогаш нема да те пријавам за говор на омраза ..НО, НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ да ги МАЛТРЕТИРАШ нашите чесни членови, чиј единствен грев е што кренале силно глава и што јавно напишале дека си ПРЕДАВНИК што ќе остане забележано како несоборлив историски факт !!!, е пораката до пратеникот на СДСМ кој од својот народ бара спас кај полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.