Повреденото мече кое вчера по пат за Радожда го пронајде стружанецот Гоце Митрески е добро згрижено. Му се дава храна, но загрижува неговата здравствена состојба. Хуманиот стружанец бара помош од стручни лица. Вели ќе направи се за да се опорави и да го врати во природата, објави „Њуз1“.

Ве молам кој може да помогне нека ме контактира – вели Митрески.

Од порталот биле во посета на мечето.

Пресреќни што е згрижено кај многу хумани луѓе кои прават се, но загрижени затоа што очиглено му треба медицинска помош. Мечето не може да застане на задните нозе, жално јачи поради болка и е многу дезориентирано. Среќа е што сака да јади, но поради дезориентираност неможи ни гризнатото овошје да го пронајде, па мора да му се дава дирекно во уста.

Од „Њуз1“ стапиле во контакт со зоолошката градина во Скопје. Од таму велат дека ќе помогнат се што е во нивна надлежност, но поради договорот на Скопје ЗОО и „Four Paws International“ не можат да го згрижат.

Веднаш испратиле контакти од стручноте лица од „Four Paws International“ кои ќе помогнат и со совети, а долку треба ќе превземат се што е потребно.

Инаку Митрески  уште вчера веднаш ја известил полицијата и ловното друштво од Струга, а мечето го однел и кај доктор ветеринар Јане од „Vet Spirit“ ветеринарната амбуланта, кој откако го прегледал му дал соодветна терапија и потребни витамини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.