Повредените патници и семејствата на загинатите во автобусот на „Беса Транс“ ќе добијат обесштетување

Македонија 11.02.2022 / 22:15

Штетата за сообраќајната несреќа со автобусот на „Беса Транс“ ја понесува осигурителната компанија, која ја има издадено полисата за осигурување, вели Трајче Латиновски, генерален директор на Бирото за национално осигурување.

Според него, во полисата е вклучен и зелениот картон кој е продолжение на полисата за автомобилска одговорност.

Тука нема дилема дека жртвите ќе бидат обесштетени, односно роднините на загинатите. Се надевам дека нема да има проблеми со тоа, рече Латиновски, информирајќи дека станува збор за осигурителната компанија „Граве“.

Латиновски додава дека обештетување ќе добијат и повредените патници.

Во моментов не можеме да кажеме колкава ќе биде сумата на обесштетување, зависи колку луѓе ќе се пријават за надомест на штета, рече директорот во гостувањето на емисијата „Трилинг“, објаснувајќи дека се додека не се добие финалниот извештај од истрагата, не може да започне процесот на обесштетување.

На 23 ноември минатата година автобус полн со патници со регистарски таблички на Македонија се запали на автопат во Бугарија. Загинаа 45 лица, а 7 патници успеаа да преживеат.

Бугарските истражители ја завршија истрагата за несреќата и според бугарскиот заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetcasibomcasibom girişCasiboom