Национално единство за прашања кои се важни за државата, ВМРО-ДПМНЕ е стожер на Македонија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Кога се во прашање националните интереси ВМРО-ДПМНЕ е за заедништво и национално единство. Кога треба да се заштитат интересите на Македонија сите партии ја имаат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија е наш заеднички дом, а кога е во прашање нашиот заеднички дом, сите мора да го чуваме. Затоа го повикуваме и Димитар Ковачевски да не стои наспроти народот, туку да застане во одбрана и на линија на црвените линии на Македонија. Но ако мислат дека тоа е поддршка за се се лажат. Одговорност ќе имаат за криминалот, бидејќи тој не се заборава. Секој кој ја ограбил државата и народот ќе одговара. Како овие покрај Ковачевски сега, така и неговиот претходник кој се повлече од политиката, со мисла дека ќе биде заборавен, велат од партијата.
Од таму додаваат дека за да тргне државата напред, потребна е одговорност. И еднаквост пред законите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.