Поради синоќешното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици најгголеми последици и интервенции на надлежните имаше во прилепската населба Тризла и околу каналот на Дабничка Река во оваа населба. Поплавени беа улиците, главно во најголемата улица „Тризла“ вода имаше во неколку домови и подурми, а се испумпуваше во куќите околу каналот на Дабничка река. Вода навлезе и во подрумот на џамијата во населбата каде се испумпуваше. Според податоците за 24 часа до 8 часот изутрината во прилеп наврна најмноргу – 23 литри на метар квадратен.
Интервенраа, а денеска ги мијат улиците од кал и наноси, екипите на прилепските комунални претпријатија „Водовод и канализација“ и на „Комуналец“. Прилепската противпожарна единица пак од синоќа интервенираше со 5-6 екипи со вкупно 16 пожарникари.
– Се испумпуваше вода во 6-7 куќи околу каналот на Дабничка река а имавме и три интервенции низ градот од струјни удари, вели команидорт на прилепскјата противпожарна единица Кристијан Момироски.
Поројните дождови за два-три часа истурија многу вода што одамна не е забележано, па реката не можеше да ја прими сета одеднаш, ниту од атмосверската канализација.
– Со часови интервениравме, ноќеска, а денеска ги миевме и чистевме улиците од високите талози на песок, земја, отпад. Помогна населението и секако навремени беа интервенциите на противпожарната единица.. рече на теренот во населбата Тризла Игор Гулабоски, директор на прилепското претпријатие „Водовод и канализација“. На терен излегоа и градските власти.
Жителите од населбата велат дека било страшно, вода насекаде и наноси. Алмир Сулејманоски, жител на населбата Тризла објаснува за поплавувањетѕо на подрумот на џамијата.
– Подрумот е многу низок, па нема одводна канализација и се поплави. Пораше водата да се испумпува. Помогна аверниците, интервенираа пожарникарите и јавните комунални претпријатија. Соработката беше навремена, оиизјави Сулејманоски.
Надлежните будно ја следат состојбата со врнежите за да може да интервенираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.