Германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево на Твитер го поздрави гласањето на Собранието за заклучоците за францускиот предлог.

Го поздравувам гласањето на македонскиот парламент што го отвори патот за првите конференции за пристапување на Европската унија со Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската унија и ќе бидеме покрај вас до крај, напиша Шолц.

Претходно одлуката на Собранието ја поздравија и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.