Сервисот за поправки на автомобили, со кој МВР имало склучено договор за вршење на вакви услуги на подрачјето на Охрид и Струга повеќе не сака да ги поправа дефектите на службените автомобили на полицијата, затоа што од МВР со месеци немале платено за услугите.
Имаме службени возила со кои се оди на терен и во кои нема греење бидејќи е расипано и нема кој да го поправи. Некои од возилата не се повеќе во возна состојба и стојат, некои ги возиме со едно светло, или им работи само еден трепкач ( жмигавец ), велат за „Њуз1.мк“ вработени во полицијата.
Тие прашуваат како да казнуваат лица кои учествуваат во сообраќајот со неисправни возила, кога и полициските се распаѓаат.
Од СВР Охрид, велат дека се ова е во надлежност на МВР.
Во МВР доцнат и платите, па така дури вчера вработените во МВР ја примиле декемвриската плата и конечно после една недела без здравствено осигурување, сега можат да одат на лекар.
Извор: Њуз1.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.