Во Скопје почна Самитот што го организира „Македонија 2025“ на кој присуствуваат креатори на политики, лидери на компании, претставници на дипломатскиот кор, меѓународни организации, академската и граѓанската заедница.

Фокусот на годинашниот самит е ставен на она што може да се направи за да се избегнат кризите и да се подобри животниот стандард на граѓаните и деловното опкружување за бизнисите. Ќе се разговара за дигитализацијата, развојот на технологијата, важноста на лидерството, градењето на глобални брендови, дигиталните општества, работните места и човечкиот капитал, како и „блок-чеин“ технологиите.

На самитот присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ кои ќе се обратат на првиот панел.

Извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсовска-Блажевски, осврнувајќи се на работата на „Македонија 2025“, рече дека со низата програми што ги реализираат, организацијата помага во создавањето на силни успешни компании и им помага на младите да станат успешни.

Џон Битов, еден од основачите на „Македонија 2025“ рече дека 2022 година е предизвиувачки тешка година не само за Македонија, туку и за сите останатите држави, но оти сите во државава треба да се обединиме околу платформата за просперитетна Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.