По укинување на приватниот факултет за здравствени науки во Струга, можно е затворање и на други. Инспектори проверуваат како работат државните и приватни факултети низ државата по пристигнати претставки за нерегуларности. МОН ќе прави увид и на издадени акредитации.
Според објавените конкурси за упис, актуелни и натаму се медицинскиот факултет, ФИНКИ, ФЕИТ, правен и економски. Од следната година МОН ќе ги дефинира квотите за упис согласно потребата на пазарот на труд.
На економскиот факултет последниве години анализата ја прават во согласност со бизнис заедницата и речиси двојно ги намалиле квотите.
Објавен е и конкурсот за легла во студентиските домови, оваа година два се реновираат па место повеќе ќе се обезбедува во ученичките домови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.