Кој е виновен за високата смртност од Ковид 19? Граѓаните, кои не внумавале на своето здравје во текот на животот, или Министерството за здравство кое нема протокол за лечење две години? Откако денеска претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести, Петличковски изјави дека запоставеното здравје е причината за високата смртност од Ковид 19, познатата твитерџика Ина Многу фина со коментар:

Мхм. Не е ради тоа што на мој термин се наоѓаат термини за два месеци, што луѓето немаат пари да идат приватно, што за тест се чека по неколку дена, што не им се наложи на приватните лаб да прават тестови за пониска цена, што матичните не креваа, што од СЗО рекоа дека е проблем начинот на лечење итн итн… туку е што народот има запоставено здравје. Инаку досега имаме 8.851 лица починати од Ковид-19 и сме на 5то место во светот по вкупниот број починати од Ковид-19 на милион жители. Пред нас се само Перу, Бугарија, Босна и Херцеговина и Унгарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.