Размислувам да се кандидирам за претседателка на СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесам откако ќе биде започната постапката, изјави актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска за „Фокус“.
Таа вели дека сериозно размислува да се вклучи во трката за нов партиски лидер, откако Димитар Ковачевски најави внатрепартиски избори по дебаклот што го доживеа СДСМ на претседателските и на парламентарните избори.
Покрај неа, како што пишува најновиот број на неделникот „Фокус“, како можни претседателски кандидати на СДСМ се споменуваат и Зоран Заев, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Венко Филипче…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.