„Благодарам за упатената доверба од страна на пратеникот Ковачки во мене како министерка. Неговите сомнежи и доказни материјали денес се поднесени до одговорните лица за понатамошна истрага”, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска не нејзиниот фејсбук профил.
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки синоќа во ТВ дуелот во „Само вистина” на Канал 5, со министерката Петровска покажа документ од 2021 година во кој, како што кажа, генерал на Армијата со негова комисија се сомнева и тврди дека се примени професионални војници во Армијата со законски пречки како што се приведување за тешка кражба, со судска постпака, потоа предлог за прекин на договор поради трајна ограниченост за служење во војска, судска пресуда, наод од воена лекарска комисија за ограничено способни за служба…
Ковачки и го отстапи документот на министерката Петровска и рече дека очекува веднаш да се постапи и да има апсења.
Овој документ не треба мене да ми го доставите, туку треба да го доставите до Јавното обвинителство. Јас овој документ ќе го земам, но не сум јас адресата, јас сум политички избрано и именувано лице. Јас освен што имам обврска да пријавам не треба на никаков начин да влијаам на истрагата. Вие со давањето на овој документ на мене, сакате да ме вмешате во истрагата. Тоа е политиканство и тоа јас нема да го прифатам, му одговори министерката Петровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.