Во гостување на Тито Петковски во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП истакна дека немаме причина да ги вметнеме Бугарите во Уставот.

Не знам што е целта на Бугарија, ама не случајно и албанските партии заговараат промена на Уставот во делот на Рамковниот договор, ако е албанскиот јазик утре може да биде и бугарскиот јазик официјален јазик, изјави Петковски.

Тој истакна дека е можно Бугарите да ги искористат бугарските пасоши кои ги имаат Македонците за да побараат и бугарскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија.

Сепак, Петковски нагласи дека тоа е негова претпоставка, нема конкретни сознанија за оваа ситуација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.