„Невозможно е да не се свика Консултативниот совет за национална безбедност за темата Македонија. Ако си претседател на лице место и веднаш свикуваш служби, партии, седнуваме, дискутираме и излегуваме. Паднаа маските, уморен сум од кукавици“, вака порача бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков од Брисел.
Тоа е клучно за идното членство на Македонија и Албанија.
„Не можете да излезете на телевизија и да се удирате во гради дека ќе направите нешто и потоа да ја блокирате работата на Комисијата за надворешни работи. Ова е апсолутна политичка подлост. Ако толку се удираат во гради, одете денес во Комисијата и направете кворум. Зарем не беа многу стабилни и силни“, вака Петков ја коментира вчера откажаната Комисија за надворешни работи за разгледување на францускиот предлог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.