Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска имаше чест да се обрати пред присутните на денешниот спортскиот самит Today’s Sport, најголемиот спортски настан во нашата земја, во организација на Здружението „Геостратешки Институт Глобал“ на кој се дебатираше во насока на промовирање на јавни спортски политики во нашата држава. Министерот посочи дека секое одговорно општество треба да изгради одговорен однос кон спортот, а оваа Влада тоа го покажала со формирањето на новото Министерство за спорт.

„И во Законот за локална самоуправа спортот е посебно нотиран како локална надлежност во насока на развој на масовниот спорт, организирањето на спортски манифестации, одржување и изградба на спортски објекти и поддршка на спортски сојузи. Вложуваме максимално во развојот на спортот, во развојот на секој млад човек. Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите. Шансата за поединецот е шанса за државата, да се обединиме околу позитивни вредности, да нè води победничкиот дух, да славиме успеси кои што ќе нè афирмираат во светот и ќе не мотивираат дома секој ден да бидеме уште подобри“, порача министерот.

По обраќањето Перински се обрати и преку социјалните мрежи. Тој напиша:

Секое одговорно општество треба да изгради одговорен однос кон спортот, а оваа Влада тоа го покажа со формирањето на новото Министерство за спорт. И во Законот за локална самоуправа спортот е посебно нотиран како локална надлежност во насока на развој на масовниот спорт, организирањето на спортски манифестации, одржување и изградба на спортски објекти и поддршка на спортски сојузи.

Ова го истакнав на денешниот спортскиот самит Today’s Sport, најголемиот спортски настан во нашата земја, во организација на Здружението „Геостратешки Институт Глобал“ на кој преку 250 учесници дебатираа во насока на промовирање на јавни спортски политики во нашата држава.

Вложуваме максимално во развојот на спортот, во развојот на секој млад човек.
Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите.
Шансата за поединецот е шанса за државата, да се обединиме околу позитивни вредности, да нè води победничкиот дух, да славиме успеси кои што ќе нè афирмираат во светот и ќе не мотивираат дома секој ден да бидеме уште подобри.

#ЗлаткоПерински
#МакедонијаЗаТебе



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.