Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов соопшти дека за десеттина дена ќе се одржи Конгресот на партијата.

На Конгресот, се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат.

Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога сме ја правеле инфраструктурата на партијата, рече Пенов во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој даде оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека тој бил против францускиот предлог и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата.

На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори дека „во постапка е“.

Предложен е, во некоја постапка е, рече Пенов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.