Во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител министерот за локална самоуправа кажа дека владата има инструменти како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно тргање на автобусите.

Владата има инструмент како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно да ги тргнеме автобусите од улица. Се анализира состојбата има и елементи за некаков тип забрана.

На пример раскрсницата на Црвен Крст директно го попречува одењето на училиште во Браќа Миладиновци што е елемент во законот внесен.

Да се истрпат сите можности за разрешување на проблемот па владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и 1 милион долг кон приватните превозници, имаме раскинување на нивниот договор, тие и да го примат долгот се веќе исклучени од натамошна работа, кажа Пенов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.