Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.
Претседателот Пендаровски изрази задоволство од посетата на специјалниот претставник Пич набрзо по неговото именување на функцијата во декември 2021 година. Посетата, како што оцени претседателот, е потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во земјава и регионот, како и можностите за соработка со Обединетото Кралство за темите од заеднички интерес, поврзани со стабилноста и безбедноста, како и зајакнувањето на институтциите во борбата против организираниот криминал и високата корупција, информираат од Кабинетот на претседателот.
Оттаму додаваат дека на средбата се разговарало и за прашањата поврзани со членството на Република Македонија во Европската Унија и тековниот дијалог со Република Бугарија.
Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за интересот и поддршката на Обединетото Кралство за македонско-бугарскиот дијалог и подвлече дека надминувањето на блокадата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија ќе внесе дополнителна предвидливост и стабилност на Западниот Балкан.Соговорниците, меѓу другото, разговараа и за одличната билатерална соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство и можностите за зајакнување на соработката меѓу двете држави и за обезбедување натамошна британска поддршка во повеќе области и форми, соопштија од Кабинетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.