Претседателот Стево Пендаровски ги потврди пишувањата на  „ Република“ дека македонско-бугарските односи се влошени.

 

-Имавме извесно смирување после прифаќањето на европската преговарачка рамка. Минатото лето влеговме во скрининг процесот. За жал, роденденот на Гоце Делчев беше искористен од другата страна за кревање на тензиите по мене сосема непотребно. Меѓутоа, мислам дека е неподелена оценката 4 февруари и од наша страна како држава сосема до крај, стопроцентно го положивме испитот и покажавме како една сериозна европска држава треба да се однесува со почитување на правата на луѓето да одат на почит на големиот македонски револуционер и притоа да се изолирааат сите што доаѓаат со лоша намера, односно доаѓаат со намера да провоцираат и да предизвикуваат немири, истакна Пендаровски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со неговата унагарска колешка Каталин Новак.

Претседателот смета дека ситуацијата на границата на денот на чествувањето беше кристално јасна. Пуштен бил секој што сака да влезе во земјава и да отиде на гробот на Делчев за да оддаде почит.

-Сите оние кои сакаа да влезат во Република Македонија го направија тоа. На сите што влегоа од Бугарија во Македонија и сакаа да отидат на гробот на Гоце Делчев тоа им беше овозможено. Оние кои се обидоа да ја нападнат полицијата, се разбира, заработија прекршочни пријави и депортација од нашата земја. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин. Нека ни се јави еден граѓанин на Република Бугарија на кој му било одбиено да влезе во Република Македонија да одаде почит на гробот на Гоце Делчев, се разбира освен оние кои правеа проблеми за што има и видео снимки, рече шефот на државата.  



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.