Кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу жителите на Ресен.
Повикувајќи ги граѓаните да се обединат и помасовно да излезат на гласање на 8 мај, Пендаровски посочи дека неговата и понудата на противкандидатката се дијаметрално спротивни.
„Јас нудам прогрес, тие нудат враќање назад. Ние ја внесовме државата во НАТО и почнавме преговори со ЕУ, тие најавуваат репреговарање на договорите кои го овозможија тоа. Со нас има слобода на говор, тие, ако се дограбат до власт, ќе апсат новинари и ќе имаме режим број 2″, рече Пендаровски пред ресенчани.
Во оваа насока, истакна Пендаровски, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, државата беше во приватна сопственост и ги деградираа граѓаните во зависност од тоа дали некој гласал за нив или не. Истовремено, го осиромашија народот, а за себе и за своите фамилии грабаа без контрола.
„Дојдоа скромни, си заминаа како мултимилионери”, потенцираше Пендаровски.
И додаде дека граѓаните не смеат да дозволат да се вратат пак на власт и да ја уназадат државата. Пендаровски ги повика жителите на Ресен во среда да размислуваат за иднината на државата во целина, бидејќи само опцијата број 1 нуди просперитетна иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.