Македонскиот претседател Стево Пендаровски гостуваше во „Топ Тема“ на „Телма ТВ“ при што кажа дека нема намера да оди во Бугарија за да разговараат за историја.

Можеме да разговараме за реални теми, но не и за историја. Немам намера да зборувам за Цар Самоил за 10 или 11 век. Немам добиено мандат во 2019 година за да ја враќам мојата земја во 19 век, кажа Пендаровски.

Пендаровски посочи дека реториката меѓу Македонија и Бугарија во последниот период е смирена, а за тоа причина била преговарачката рамка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.