Ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат во однос на изборите и можно е наскоро да се договорат за одржување на изборите во ист временски период, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период – изјави Пендаровски, одговарајќи на прашањето дали власта и опозицијата ќе се договорот околу датумот и дали според него претседателските и парламентарните избори ќе бидат заедно или одвоено.

За неговото кандидирање за втор мандат на идните претседателски избори, Пендаровски рече дека е премногу рано да каже нешто околу тоа и дека за тоа ќе размислува после Нова година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.