Во интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 претседателот Стево Пендаровски прашан дали ќе ги покани на кафе кандидатите за претседател, одговори дека не може да ги покани.
По нашите прописи во тие 20 дена јас сум кандидат, морам некои работи и како претседател да ги извршувам, но јас сум кандидат повеќе отколку претседател – рече Пендаровски.
Со оваа изјава Пендаровски индиректно најави дека на следните претседателски избори ќе биде повторно кандидат за претседател, односно дека ќе бара втор мандат.
Официјално засега кандидатура најави Вело Марковски кој ќе побара поддршка од 10.000 граѓани, чии потписи ќе се собираат согласно законските прописи по распишување на изборите. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за кандидати.
Редовниот термин за избор на претседател се движи во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, наназад од 12 мај. Првиот круг според ова би требало да се случи во периодот од 14 март до 21 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.