Претседателот на Србија Александар Вучиќ на изборите однесе убедлива победа уште во првиот круг. Новиот мандат му го честитаа речиси сите европски лидери како и тие од регионот.Но, меѓу оние кои честитаа не може да се најде името на претседателот на нашата земја Стево Пендаровски.

Затоа  „Република“ и „Пресинг ТВ“ го прашаа неговиот кабинет дали му ја честиташе победата од каде кратко одговорија „Да, претседателот му честиташе“.

Не добивме никава информација како гласи честитката, дали му честитал од позиција на претседател или пак можеби приватно.

На официјалната страница на Пендаровски како и на неговиот Фејсбук профил нема никаква информација за честитката до Вучиќ.

За потсетување, Вучиќ јавно му го честиташе изборот за претседател на Пендаровски.

Вучиќ  е еден од најпопуларните политичари во Македонија.Неговата популарност уште повеќе порасна кога беше единствен кога ни даде вакцини против корона.

Вучиќ несебично ни даде и пченица кога започна војната во Украина за Македонија да не остане без леб и најави дека ќе продолжи да не снабдува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.