Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски изрази сочуство до семејствата на загинатите и граѓаните на Србија за страшната трагедија во Белград.

Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата, граѓаните на Србија и претседателот Вучиќ за страшната трагедија во Белград. Нема утеха за семејствата што ги изгубија своите најмили и прераната загуба на детски животи. На повредените им посакувам брзо закрепнување и оправување, напиша Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.