Соработката меѓу царинските управи на двете земји, тековните активности и проекти, како и плановите и проекциите за потребите на македонската Царинска управа и можностите за помош од Корејската царина, беа во фокусот на разговорите меѓу претседателот Стево Пендаровски и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко.

На средбата директорот на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко го информираше претседателот Пендаровски за официјалниот старт на проектот за грант од 4,8 милиони долари за Царинската управа на Македонија.

Овој проект, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе овозможи систем чија цел е генерирање повисоки приходи во буџетот и борба против криминалот и корупцијата, а подразбира имплементација на хардвер и софтвер за податочен склад и користење алатки за вештачка интелигенција за обработка на податоците во насока на откривање можни ризици.

Претседателот Пендаровски ги поздрави заложбите и соработката меѓу двете царински управи и посочи дека таа успешна соработка е пример кој треба да се следи и во другите области на економијата.

Пендаровски изрази благодарност за досегашната помош од Република Кореја во насока на градење на капацитети на македонската царинска управа и нагласи дека од тие проекти значаен бенефит имаат малите и средни претпријатија во однос на поширок пристап до странските пазари, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.