Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Али Реза Ирваш, новоименуван амбасадор на Исламска Република Иран во Република Македонија, со седиште во Софија.
На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски оцени дека именувањето на амбасадорот Ирваш претставува потврда за посветеноста на Исламската Република Иран кон развивањето на односите со Република Македонија,
„Искрено верувам дека нашите две земји располагаат со потенцијали за соработка во повеќе области и се надевам дека во претстојниот период истите ќе бидат соодветно искористени“, рече претседателот Пендаровски.
Амбасадорот Ирваш, од својата страна, оцени дека уште од независноста на Република Македонија, двете држави се обидуваат да ги унапредат билатералните односи во различни области, врз основа на заемно почитување и споделување на заедничките интереси.
„Постојните потенцијали на двете земји, кои уживаат важни позиции на Балканот и во регионот на Персискиот залив и Блискиот Исток, даваат добра основа за продлабочување на нашата соработка“, рече новоименуваниот ирански амбасадор.
Претседателот Пендаровски на амбасадорот Ирваш му посака успешно извршување на одговорната функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.