Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија

Македонија 28.03.2024 / 16:31

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги примил акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Македонија, со седиште во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, Пендаровски изразил уверување дека врз основа на принципите за демократско владеење, владеење на правото и почитување на фундаменталните права и слободи, во иднина ќе се создадат можности за развој на односите и соработката меѓу двете држави во домените каде што тоа е возможно.

– Амбасадорот Сергеј Малиновски во своето обраќање истакна дека Белорусија очекува трговска соработка со Македонија, како и соработка за други прашања на билатерален и мултилатерален план.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Малиновски му посака добро здравје, како и многу успех во извршувањето на неговата одговорна мисија, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişbaywin girişJOJOBETjojobet girişgrandpashabet