Со внимание ја проследив онаа провладина хајка и разглобувањето до најситните детали околу моето тестирање за ковид, надополнето со многу политика. Веројатно тезата „Наќе е крив” сега е заменето со акцијата „Пецак е крив”, а сето ова само тие од власта да не бидат криви на кои им се случи геноцид на народот поради неспособност во справувањето со ковид заразата. Ова денеска го соопшти охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, околу случувањата со неговиот позитивен, а потоа и негативен тест на ковид-19.
Им благодарам за вниманието, вели Пецаков, а аналогно на тоа јас ќе посветам внимание на фактите кои се следни.
На 19 јануари, ден Водици се тестирав во Центарот за јавно здравје Охрид, не поради чуствување на симптоми поради ковид, туку поради патување и потребата за поседување на негативен ПСР тест. Нормално не бев во изолација, затоа што што би се случило доколу илјадници луѓе кои поради потребата за патување во странство би се изолирале чекајќи резултати и секако не постои НИТУ ЕДЕН пример кој се изолирал додека чекал резултати на ПСР тест за странство , така што јас во текот на тој ден бев со охриѓани кои го славеа големиот христијански празник. Истиот ден, како и кај секој тестиран на мејл околу 17 часот( а го прочитав покасно) добив известување од тестирањето кое кажуваше дека имам позитивен тест и иако не чуствував никакви симптоми превземав мерки за самоизолација, додека мојата сопруга имаше негативен тест. Наредниот ден ( четврток) експресно добив решение за изолација од инспекторката од ДСЗИ, бидејќи без симптоми 10 дневна изолација, да појаснам сте имале можност да видите и лично, најголем дел имногу покасно, а се случувало и да не добијат решение за изолација. После 36 часа од тестирањето, со оглед на тоа што немав никакви симптоми, ниту некој од моето опкружување се тестирав уште еднаш, при што се покажа дека тестот е негативен и немам присуство на корона вирус.( и тој тест јавно го објавив), и само што ги добив резултатите истите и ги испратив на инспекторката ( иако во некој друг процес кај што е започнато креирањето на кривичната пријава, вели дека не била запозната за тие резултати.) Стана јасно дека станува збор за грешка во тестирањето или пак кујните на власта по своја потреба тоа така го фабрикуваа, споделува Пецаков.
Тој одговара и на обвинувањата упатени до него од Ирина Бухова, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Не сум прекршил ниту еден проткол, ниту свесно сум предизвикал опасност за граѓаните на Македонија. Вие и оној политички менаџмент во ДСЗИ ќе се соочите со кривична пријава за клевети и несовесно работење и ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЗАШТИТЕНИ(ЗДРАВСТВЕНИ) ПОДАТОЦИ ВО ЈАВНОСТ преку вашите политички портали. Воедно ве повикувам наместо да се занимавате со мене и со охриѓани да посветите внимание на колапсот во здравството и непособноста да се справите со пандемијата. Вашите грешки чинат животи, а неспособноста на власта Охрид го чини катастрофални резултати во туризмот, вели Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.