Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и Демократската партија на Македонците во Србија договориле одржување културни манифестации во Пусте, Албанија и во Панчево, Србија.
Ова е договорено на средбата на делегациите на двете партии за време на престојот на делегацијата на МАЕИ во Панчево.
Лидерите на двете партии, Васил Стерјовски и Маја Георгиевска постигнаа согласност еднаш годишно да се организира по една заедничка културна манифестација во Пустец во Албанија и во Панчево во Србија. На средбата присуствуваше и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Србија и потпретседател на Демократската партија на Македонците во Србија, Душан Јаневски, објави весникот „Македониум”.
Се додава дека делегациите размениле информации за положбата, правата и слободите на Македонците во Албанија и во Србија.
Била договорена соработка, координација и размена на искуства и информации во работата на двете партии. Исто така бил договорен заеднички настап пред меѓународните организации за човековите права и слободи.
Двете партии повикаа на семакедонско помирување и обединување заради одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на македонскиот народ, правата и слободите на Македонците во соседните земји на Република Македонија и на Македонците во светот, наведува весникот, повикувајќи се на изјава на Стерјовски.
Во рамки на работна посета на Србија, делегацијата на МАЕИ остварила средба и со претставници на Националниот совет на Македонците во Србија, предводена од претседателката Зорица Митровиќ. И на оваа средба разгледани биле можностите за соработка помеѓу Македонците во Албанија и Македонците во Србија.
Како што претходно објави Стерјовски придружуван од Митровиќ, положил свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на основното училиште во Јабука, кое го носи неговото име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.