Александар Пандов, в.д директор на Управата за извршување на санкции денеска изјави дека за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која издржува затворска казна, имал дојава дека не е на работното место надвор од затворот и за кое имала дозвола и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму. Јанева има право повторно да побара да работи надвор од затворот, но Пандов не кажа дали тоа ќе биде дозволено, туку само дека може да побара.
-За Катица Јанева ве уверувам дека имав анонимна дојдава дека госпоѓата не е на работното место. Јас по службена должност бев обврзан да пратам службени лица да проверат дали е тоа така и констатираа дека не била на работното место, рече тој.
За Јанева рече дека проверувал и дека таа има право повторно да побара да работи надвор од затворот, а дали ќе биде одобрено кусо рече „нека побара“.
Минатата недела вработени од Управата направиле контроли да видат дали и други затвореници кои имаат исто право се на работните места. За тојца, како што кажа, Пандов е утврдено дека не биле.
-А во меѓувреме имаме минатата недела две или три контроли направено на повеќе локации и во град Скопје, во Тетово и во Гостивар и притоа од десетина проверени лица се најдени уште три кои требале да бидат на одредено работно место, а не биле. И за нив исто ќе бидат одземени работните дозволи, рече в.д директорот на Управата за извршување санкции.
Пандов најави дека проверки на затворениците кои имаат право да работат ќе се прават редовно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.