Новинарот од Прилеп, Зоран Милошески,  на својот ФБ профил известува за нови „дворски игри“ во ОО СДСМ Прилеп.

Новоименуваната директорка на прилепската болница „Борка Талески“, Кети Смилеска, поранешна пратеничка на СДСМ, денеска го разреши началникот на одделот Невропсихијатрија, д-р Сашо Пирганоски, поранешен градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ и нејзин противкандидат за директорското место во болницата. Сега, откако е решен единствениот и, воедно, најголемиот проблем, работите во прилепската болница ќе тргнат на подобро. СДСМ се обединува. Заедно сме посилни – пишува Милошески.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.