Ова се изолирани инциденти, и ќе има уште вакви, рече денеска премиерот Христијан Мицкоскиза инцидентите отккако почна расчистувањето околу црквата Света Петка во селото Галате.

Вие ја слушнавте изјавата на Владиката, кој се оградува од ваквите од инциденти, жителите на село Галате исто така се оградуваат, а она што е интересно на социјалните мрежи излегоа слики на некои лица кои се во друштво на политички активни ликови. Ако се земе предвид поддршката политичка во Врапчиште, но и полициската структура во СВР Гостивар, тоа е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост, ваков тип на инциденти ќе има, затоа што не можеме ние како влада, имајќи ги во предвид последните промени во Законот за полиција, не може да се случат промените во раководните структури. Ќе мора за следните 2-3 месеци да се случи измена на тој Закон, и да има измена во тие раководни структури, за да можеме реално да ја имаме ситуацијата под контрола. Немајте дилема дека криминалните стурктури во минатото, ќе прават вакви инциденти во блиска иднина. Самите жители на Галате го отфрлија ова, самиот Владика го отфрли сево ова, апелирам сега кога државата оди во нагорна линија, граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации, рече Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.