Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, кој беше пуштен во домашен притвор, не е достапен за органите на прогонот, објави Телма.

Судот го ослободи од издржување на затворската казната и времено му ја замени со домашен притвор поради редовна терапија и лечење на болестите кои ги има.

Гури издржува затворска казна за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.