Претседателот на СОНК Јаким Неделков вечерва за Сител изјави дека Советот на СОНК донел одлука за стапување во штрајк на членството.

Штрајкот ќе започне на 11 април, а до кога ќе трае, ќе зависи од преговорите со надлежните министерства и со владините претставници, или ќе трае дотогаш додека не се договориме – рече Неделков.

Тој за Сител истакна дека школите и градинките од 11 април нема да работат до исполнувањето на барањата на СОНК – зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.

„Одговорот од Владата беше дека сме во економска криза, кризата со Украина и слично, но нашите плати, во просек од 25,000 денари не стигаат за задоволување на основните месечни потреби“, изјави Неделовски.

Во моментов, платите на вработените во градинките изнесуваат околу 23 000 денари, во основните училишта речиси 25 000, а во средните до 29 000. Со зголемувањето, највисоките би биле нешто под 35 000 денари.

„Во дејноста детска заштита, во градинките имаме 10 различни работни места со 10 различни бодови за вреднување на работно место сега ќе земаат иста плата – тоа е непочитување на закон и колективен договор“, изјави Неделков.

Претходно, од Влада по денешната средба со претставници на СОНК соопштија дека ќе продолжи континуираниот дијалог, се додека не се најде конечно решение за зголемување на вработените во образовниот сектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.