Откако не ја доби довербата на жителите на Градско, поранешниот градоначалник Роберт Бешовски сега се потпишува како Претседател на Управиот одбор на Агенција за катастар. Бешовски дипломирал на Катедрата на Факултетот за одбрана, па се поставува прашањето како ќе одлучува за катастарските услуги со неговата стручност.

И додека народот не може да врзе крај со крај според новите катастарски услуги ако до сега за вадење Векторски податоци од базата на инфраструктурни објекти се плаќало по 183 денари, од сега се плаќа 1.250 денари. За вадење Координати односно за геодетска и детална точка се плаќало 67 денари, сега се плаќа 250 денари. За известување по електронски пат за поднесени пријави и извршени промени во еден имотен лист се наплаќало по 50 денари, сега се наплаќа по 250 денари. За впишување промена на носител на право и вид на право во постапка на одржување се плаќало 300 денари, сега се плаќа1.250 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.