За писателот Томислав Османли несфатливи се ставовите на историчарот Драги Ѓорѓиев, копретседател на мешовитата Комисија за историјата, според кој во Македонија имало бугарска окупација, инвазија но дека тоа не била фашистичка.

Од Македонија Бугарија не бидува, час поскоро да го сфатат западните партнери и да престанат да си играат со самобитниста на еден државотворен народ кој за слободата и државата се бореше во двата Илиндена.

Мене ми е преку глава од езоповскиот јазик на европејската политичка импотенција. Нашата волја за евроасоцирање останува отворена. И толку веќе. Тие треба да ни го испорачаат одамна заслуженото не да отвораат нови, бескрајни хипокритски игри и да ја тераат нашата врхушка (наша ли е?!) на самоуништувачки отстапки по диктат на својот конзервативизам и на бугарскиот шовинизам.

Време е да прекинеме со ‘преговорите’ со Бугарија во која тие поставуваат бескрајни живковистички барања, а нашата страна само ги прифаќа.

Постои за среќа и една друга Бугарија, онаа што изнедри синови јако Георги Димитров и редица интелектуалци кои го прифаќаат македонскиот идентитет. За жал, нив жестоко ги укина сталинизмот; и тој сe уште жари и пали по ‘националната’ свест на тамошните екстремисти од Каракачанов до Захариева. За домашните ‘еврофили по секоја цена’ (и јас сум, инаку, еврофил!) не треба да се губи простор, како и за секое идеолошко или лукративно слепило – пред неумолливите факти на политичката реалност“, напиша Османли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.