Портпаролот на ДУИ Бујар Османи не ја следел прес-конференцијата што вчера ја одржа неговиот сопартиец Изет Меџити, кој изнесе низа нови критики за работата на Османи и на вицепремиерот Артан Груби, објави ТВ21.
Не ја следев, како партија немам некој коментар, вели Османи.
Меџити јавно го презентира извештајот за (не)сработеното од министрите на ДУИ во изминативе две години, откако по две продолженија добиле известување дека нема да продолжи состанокот на Централното претседателство на партијата, на кое требаше да има отчет на министрите од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.