Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, утре оди во Бугарија, за заедно со неговиот колега Николај Милков да го посети претепаниот секретар на клубот „Цар Борис Трети“, јави Бугарското радио. Тие двајцата ќе дадат изјави пред Военомедицинската акедемија каде се лекува Христијан Пендиков откако вчера со владин авион беше пренесен во Софија. Потоа ќе имаат и официјална средба.

Стотина бугарски граѓани денеска протестираа пред мисијата на Европската комисија во Софија поради претепувањето на Пендиков во Охрид. Многу од оние што протестираат се членови на бугарското ВМРО. Според извештаите на бугарските медиуми тие зборувале против наводната дискриминација на Бугарите во Македонија и дека врз нив имало насилство. Тие ги повикуваат македонските власти да преземат мерки за запирање на јазикот на омраза кон граѓаните кои се изјаснуваат како Бугари.

Пендиков беше нападнат од три лица пред ресторанот „Тино“ на брегот на Охридското Езеро на 19 јануари вечерта. Еден од напаѓачите бил Илија Спесески кој имал искуство од боречки вештини. Според соопштението на јавното обвинителство, пред да биде нападнат тие му викале на на Пендиков зошто се изјаснил како Бугарин. Од ударите Пендиков се здобил со повреди на пршлените, ребрата и вилицата. Тој има и тешки повреди на главата. Пендиков од синоќа е на лекување на Военомедицинската академија во Софија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.