Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, учествуваше на 49-та сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева, како дел од Сегментот на високо ниво. На сесијата која трае од 28 февруари до 2 март, учествуваат шефови на влади и држави, како и министри за надворешни работи, со цел да се реафирмира важноста на работата на Советот за човечки права и неговите механизми за справување со предизвиците за уживање на основните права и слободи.

Како што соопшти МНР, во своето видео обраќање, Османи истакна дека не може да се зборува за човековите права во нашата земја и во светот, без притоа да не изразиме сериозна загриженост за влошената состојба со основните човекови права на украинските граѓани како резултат на воената агресија од страна на Русија. Ова претставува сериозно кршење на меѓународното право, Повелбата на ОН, принципите и заложбите на ОБСЕ и ја загрозува глобалната стабилност. Османи потенцираше дека човековите права и нивната заштита треба да бидат во центарот на вниманието, особено правата на најранливите категории.

Промоцијата и унапредувањето на човековите права, мултилатералната соработка и меѓународниот поредок се и ќе продолжат да бидат основа на нашата надворешната политика и за време на претстојното претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, заклучи  Османи.

Министерот Османи,  исто така  учествуваше и на панел дискусијата организирана од Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба на тема „Нападот на Русија врз Украина и неговите последици врз човековите права”, на кој Османи најостро го осуди воениот напад на Русија врз Украина, што претставува директно прекршување на човековите права и неприфатлив преседан, стои во соопштението. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.