За амбасадор во Софија ќе биде испратен еден од најискусните дипломати во Министерството за надворешни работи. Владата го прифати предлогот на МНР за амбасадор во Бугарија и го однесе на претседателот на државата, информира денеска по брифингот за новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Амбасадор во Софија ќе биде еден од најискусните дипломати во МНР и намерно така е одлучено искусен дипломат да се испрати во Софија во услови кога сакаме да ја вратиме довербата и да ги надминеме разликите. Меѓутоа, не можам да коментирам за името додека не се добие агреман, меѓутоа барањето за агреман што значи и одобрување од страна на претседателот е добиено и веќе е пратено во бугарското МНР, наведе Османи.
Дел од македонските медиуми во почетокот на неделава го споменаа името на Агнеса Руси за амбасадор во Софија, која е дипломатка од кариера а во моментов е шефица на македонската мисија при ЕУ во Брисел од 2018 година.
Македонија е без амбасадор во соседна Бугарија од април 2020 година, додека вршител на должноста амбасадор ја извршуваше Владимир Крстевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.