На маргините на 77 – та сесија на генералното собрание на ОН, министерот Бујар Османи учествуваше на традиционалниот состанок на министрите на надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и на Советот за регионална соработка (СРС).
На состанокот се разговараше за теми поврзани со европската интеграција на земјите од регионот, тековната енергетска криза и ефектите кои ги има врз регионалната соработка во Југоисточна Европа, како и за Економскиот инвестиционен план наменет за регионот, социо – економската трансформација на Југоисточна Европа и Зелената агенда за Западен Балкан.
„Покрај тоа што овие конкретни проекти и процеси ќе донесат позитивен социо-економски ефект, резултатот ќе испрати силен политички сигнал за граѓаните во регионот и за меѓународните партнери, особено во контекст на неизвесноста поврзана со воената криза во Украина и заканата по европската и глобална безбедносна архитектура“, нагласи Османи.
Тој се осврна на почетокот на пристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ, како „признание за сите реформски напори на земјата, преку воспоставување функционален мултиетнички модел со Охридскиот рамковен договор, односно политиката на добрососедски односи, рефлектирано и преку договорот од
Преспа и Договорот за пријателство“.
Македонија е идниот претседавач со ПСЈИЕ, почнувајќи од јуни 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.