Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, денес, ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија, во организација на државниот секретар на САД, Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд.

 

Министрите од земјите членки на Глобалната коалиција ќе  дискутираат за ДАЕШ/ИСИС во Ирак и Сирија, Африка, централна Азија и Авганистан, и како работните групи на Коалицијата се справуваат со овие закани.

 

На овогодишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против Даеш/ ИСИС ќе учествуваат  претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.