Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека се во постојана комуникација со Франција и Бугарија со цел да се дојде до еден предлог кој може да ги има во предвид сензитивностите.

Тој додава дека е можно до крајот на јуни и да не се добие нов предлог.

-Има таква можност доколку една од страните не прифати. И ние можеме да се закотвиме на нашите позиции, да кажеме не прифаќаме вакво решение, Бугарите да кажат не прифаќаме такво решение и во тој случај се знае што понатаму. Јас сум во секојдневна комуникација и со француското претседателство, и денеска, и со Република Бугарија, со министерството за да видиме како евентуално да се дојде до еден предлог кој може да ги има сензитивностите. Не можеме да имаме решение кое ќе ги има само бугарските сензитивности или пак само нашите. Било кое решение ќе не остави двете страни подеднакво незадоволни и подеднакво задоволни. Тоа што ни е на нас најважно е да не биде едната страна задоволна, другата страна комплетно незадоволна. Затоа е важно да се има одреден баланс. Мислам дека доколку има политичка волја навистина има добри решенија – вели Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.