Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека моментално не постојат информации за воен конфликт на Балканот.

Како членка на НАТО сега имаме разознавачки информации, кредибилни информации и врз основа на тие информации моментално не треба да бидеме загрижени за воен конфликт на Балканот. Како пример за тие информации како членка на НАТО ќе посочам дека знаевме точно кој ден и во кое време ќе започне руската инвазија на Украина. Сепак во комуникација сме со сите наши партнери кога се работи за можна ескалација на кризата на други места опфаќајќи го и Балканот како жариште, истакна Османи.

Тој додава дека сите говореле за можни други жаришта како Молдавија, Грузија на пример, но секако дека треба да се биде внимателен.

Повторно ќе речам дека според нашите информации моментално нема закани за Балканот, посочи Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.