Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг во заедничко интервју за “Еурактив” упатија јасна порака дека постепената интеграција на земјите кандидати за членство во ЕУ не е алтернатива на нивното полноправно членство, но е најдобар начин да се одржи проширувањето на вистинскиот пат и да се постигнат брзи резултати.
На прашањето колку е реално 2030 година да се третира како таргет датум за проширување на Унијата, Османи со одговор:
Поставувањето на 2030 година како таргет датум за членство, може повторно да го заживее процесот на пристапување и да создаде позитивен реформски натпревар кон постигнување на целта за полноправно членство. Тоа е целосно остварливо, а неговото исполнување ќе зависи од тоа што ние како кандидати и ЕУ ќе направиме дотогаш, во однос на нашата подготвеност и институционалното и политичкото прилагодување. Ни треба ново ниво на доверливост и кредибилитет, рече Османи, додавајќи дека тоа претставува исклучително важен геополитички интерес.
Во однос на истото прашање, Шаленберг со јасна порака дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија.
Проширувањето е процес заснован на заслуги што значи дека секоја земја треба да одлучи колку брзо ќе продолжи напред на патот на интеграцијата во ЕУ. Ако Македонија продолжи со својата актуелна реформска агенда, нејзиното пристапување во ЕУ е на дофат, подвлече Шаленберг
Шаленберг очекува од граѓаните на Македонија да продолжуваат да се стремат кон европската иднина и во овој контекст, да успеат да ги изгласаат потребните уставни измени, како следен чекор кон Унијата.
Дозволете ми да ве уверам дека Австрија ја гледа Македонија како силен иден партнер во ЕУ и ние ќе продолжиме сесрдно да ја поддржуваме земјата на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. Не само затоа што сме пријател на Западен Балкан, туку и затоа што тоа е геостратешка неопходност, рече Шаленберг.
Министерот Османи нагласи дека Македонија има 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ, како значајна потврда за нашето геостратешко позиционирање.
Би било важно проширувањето да се вклучи во следниот буџетски циклус на ЕУ. Основниот пакет може да вклучува барем присуство на секторски министерски состаноци без право на глас и учество на единствениот пазар на ЕУ. Овој модел би можел да зависи од одредени предуслови како што е целосното усогласување на кандидатите со ЗНБП на ЕУ за добивање место на масата во Советот за надворешни работи заклучи Османи.
Целосното интервју на следниот линк: https://www.euractiv.com/section/enlargement-neighbourhood/interview/gradual-integration-best-path-to-eu-membership-two-ministers-say/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.