Португалија ќе продолжи да дава целосна политичка и техничка поддршка на Македонија во целиот евроинтегративен процес на земјава и не очекува натамошни билатерални блокади од Бугарија во текот на преговорите со ЕУ, ваква порака вчера од Скопје упати шефот на португалската дипломатија Жоао Гомес Кравињо. За него пристапувањето на Македонија во Унијата е од суштинско значење не само за земјава и регионот, туку и за самата ЕУ.

Гомес Кравињо не очекува дека во текот на преговорите на земјава со ЕУ повторно ќе има билатерална блокада од Бугарија, што за него, е заокружено прашање. Во одговор на новинарско прашање во што беше подобрен португалскиот предлог, тој оцени дека „во политиката целта не е да се постигне се, туку она што е возможно“.

– Вложивме многу напори во текот на нашето претседавање да составиме еден предлог со кој сакавме да биде прифатен. Што го прави францускиот предлог подобар? Во политиката целта не е да се постигне се, туку она што е возможно. Ако погледнете над хоризонтот, а не да се сконцентрирате само на моменталните случувања. Затоа оддавам признание на македонското раководство за надминување на потешкотиите и што го помрдна процесот напред. Направен е многу важен чекор напред. Веруваме дека договорот кој е постигнат е договор којшто овозможува почеток на процесот на скрининг што е доста интензивен и технички има две фази. Првиот е објаснувачки скрининг, ЕК ги објаснува различните фази односно аспекти на законодавството, потоа следува билатералниот скрининг кога се утврдуваат јазовите во законодавната рамка на Македонија, вели Гомес Кравињо почнува овој скрининг процес, потоа ќе се одржи втората меѓувладина конференција веднаш штом ќе заврши скринингот и штом ќе се заокружат уставните измени, оценувајќи дека сите земји имаат тешки моменти во текот на преговорите, но во случајот на Македонија не гледа причина дека ќе има билатерални блокади.  

– Мислам дека е од суштинско значење во меѓународните односи, во меѓународната политика да веруваме на дадениот збор на ставениот потпис на преземената обврска. Билатералното прашање за кое поинтензивно разговараат Македонија и Бугарија е заокружено. Има заклучок, заокружувањето на тоа прашање беше обележано со меѓувладината конференција на 19 јули. Не очекувам ова прашање повторно да се покрене. Не гледам причина зошто би се покренало истото прашање. Како што кажав, верувам кога нашите партнери, колеги, други земји и кога ќе дадат збор, кога ќе потпишат документ дека ќе го исполнат. Така функционираме внатре во ЕУ затоа што во рамките на ЕУ интензивно соработуваме меѓусебно, но и со земјите кандидати за најразлични прашања. Ако почнат блокади без оглед на тоа што е договорено ќе се парализира целото функционирање, истакна Гомес Кравињо.  

 

Во однос на унилатералната изјава Османи пак смета дека успеале да ги имаат сите три елементи и покрај тоа што предлогот од германското до француското претседателство бил само да се наведе дека е официјален јазик кодифициран во 1945 година.

– Посетата доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на ЕУ. Долгогодишните разочарувања, пречки и блокади ги претворивме во дополнителен предизвик кој ни овозможи со аргументи, истрајност и верба во добрососедските односи, да дојдеме до решение за отпочнување на преговори за членство. Се согласивме дека отворањето на пристапните преговори ќе донесе повеќекратна корист – за Македонија, за регионот, но и за кредибилитетот на ЕУ во насока на довршување на процесот на европското обединување, истакна Османи на прес-конференцијата со Гомес Кравињо.

 

Според него, овој протокол со Бугарија, овој договор е потпишан под добра волја и затоа од таков аспект треба да се гледаат и одредбите во делот на следење на говорот на омраза, потсетувајќи и дека во Бугарија исто така се следи тамошниот говор на омраза.

 

Во одговор на прашањето дали би се почитувале резултатите од тој референдум, Османи рече дека тоа го дефинира Уставот и законите.

 Тоа не е прашање на кое што јас треба да одговарам со да или со не, како што вели Уставот и законите тоа ќе се направи. Но, мислам дека навистина тоа прашање на референдумот треба да се каже во кој дел. Тоа значи или треба да прашате дали сте за Евроазиска унија или дали сте против ЕУ и против македонски јазик во ЕУ. Друга причина за референдум не гледам. А ако има такви причини за референдум, тоа веќе е друга дебата на која што треба да седнеме и секој да си ја објасни својата позиција. Доколку е некој за стопирање на процесот на пристапување, доколку е за нова некоја алтернатива тоа е легитимно, нека го отворат тоа прашање, граѓаните ќе кажат свое мислење. Друга причина за референдум нема, истакна Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.