Министерот за надворешни работи Бујар Османи во подкастот на „Плусинфо“ говореше за финансиката состојба и за тоа колку му е важна платата што ја добива.

Пријателите се смеат кога им кажувам дека ако еден месец не добијам плата јас ќе треба да се задолжам.Тие ми велат нема шанси, толку години функционер, но ви кажувам најискрено дека ако еден месец да не ми стигне плата јас ќе мора да се задолжам за да преживеам.

Според официјалните податоци од Владата платата на Османи е 65.000 денари, а со последните покачувања веројатно е и повеќе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.